Последни новости

 

 

ВИЗИЈА

Нашата визија е јасна, едноставна и реално определена, визија за унапредување на менаџирањето на постоечките спортски капацитети прифаќајќи го моделто за партнерство и соработка пред се со основачот на ЈП, Советот и Градоначалникот на Општина Велес и со приватниот сектор.

Работиме одговорно и посветено, а наша обврска е да ги следиме потребиде на граѓаните на Општина Велес од областа на спортот, физичката култура и рекреацијата. Едноставно на тој начин можеме да обезбедиме доволно финансиски средства за самоодржлив развој, преку кој директно ќе ја зајакнеме сопствената деловна позиција на пазарот.

Ние иднината на ЈПССО “Парк-Спорт“, ја гледаме тоа да прерасне во атрактивен и конкурентен спортско-рекреативен центар, со создадени квалитетни услови и услуги за остварување и реализација на планираните програмски активности на спортските друштва и клубови, здруженија на граѓани, групи на граѓани, поединци и др.

 

 

МИСИЈА

Основната мисија и стремеж на ЈПССО “Парк-Спорт“ Велес, е зајакнување на сопствената деловна промоција, заради конкурентност на пазарот.

Имаме цврста и јасна насока – ревитализација и надградување на постојните спортски капацитети со кои располага ЈП, за заштита и унапредување на интересите на спортот, спортистите и спортстките клубови.

Нашата мисија јасно се отсликува во заложбата за остварување на професионалните иперативи-воведување на нови форми и содржини на активности, развивање и изработка на нови иницијативи и проекти за поефикасно и поисплатливо искористување на сите постоечки капацитети и потенцијали со кои располага ЈП, со единствена цел да го подобриме спортско – рекреативниот живот на граѓаните на Општина Велес.